logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈАТА СО ЖЕСТОКИ КОНТРОЛИ ВО ЈУЛИ - Илјадници казни, стотици приведени и одземени возила

Vecer | 04.08.2026

ПОЛИЦИЈАТА СО ЖЕСТОКИ КОНТРОЛИ ВО ЈУЛИ - Илјадници казни, стотици приведени и одземени возила

Речиси 21 илјада прекршоци за еден месец – ова е јулскиот биланс од полициските контроли на македонските патишта. МВР соопшти дека во периодот од 1 до 31 јули се санкционирани 20.976 сообраќајни прекршоци, а освен казните, 496 лица завршиле со полициски мерки, додека 332 возила се тргнати од улиците.

Приведени 496 лица за безобѕирно управување возило Поради тешки сообраќајни прекршоци кои директно ја загрозуваат безбедноста, лишение од слобода биле вкупно 496 лица:

Управување без дозвола: 373 лица Возење под дејство на алкохол: 81 лице Возење под забрана: 25 лица со претходно изречена мерка за забрана за управување Екстремно чекорење на брзината: 13 лица надвор од населено место и 3 лица во населено место Возење во спротивен/забранет правец: 1 лице Покрај лишувањето од слобода, согласно член 300-б од Кривичниот законик, привремено или трајно се одземени 332 возила.

Структура на најчестите прекршоци во јули: Брзо возење: 4.241 платни налози се издадени за непочитување на пропишаната брзина.

Неправилно паркирање: Евидентирани се 4.694 прекршоци. Возење под дејство на алкохол: Изречени се 430 санкции. Санкции за мотоциклисти: 2.073 возачи на мотоцикли се казнети поради неносење заштитен шлем (кацига). Некористење сигурносен појас: Санкционирани се 1.829 учесници во сообраќајот. Техничка неисправност и исклучување од сообраќај

Според одредбите од Законот за возила: 299 возила биле отстранети од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. 125 возила се исклучени поради установена техничка неисправност. 44 возачи се санкционирани за неисправно или непредвидено затемнување на стаклата (непрописно поставени фолии). Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат со непрекинат интензитет и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот за стриктно почитување на правилата и прописите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk