logo
logo
logo

Полицијата исплашена, МУ ГИ ОДЗЕМА СНИМКИТЕ ОД ПРОТЕСТОТ НА РЕПОТЕРОТ

Vecer | 26.02.2021

Полицијата исплашена, МУ ГИ ОДЗЕМА СНИМКИТЕ ОД ПРОТЕСТОТ НА РЕПОТЕРОТ

Репортерот на „Слободен печат“ Михаило Донев кој денеска известува во живо од протестите за случајот „Монструм“ кај Мавровка беше принуден од полициски инспектори во цивил да го избрише снимениот материјал, кој патем публиката имаше можност да го следи преку социјалните мрежи.

Веста на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ви ја пренесуваме во продолжение:

Имено, колегата Донев во мешаницата настаната при пресингот на полицијата врз демонстрантите и нивното потиснување кон Битпазар, бил легитимиран од три лица кои се претставиле како инспектори во МВР, и му ја побарале новинарската легитимација, но тој во меѓувреме ја загубил и им дал лична карта како што му побарале.

Откако се легитимирал уредно, едниот од нив побарал од него да го избрише снимениот материјал со образложение дека „на снимките им се гледаат лицата па потоа некој ќе им ги запали автомобилите“ иако камерата на нашиот репортер цело време беше насочена кон толпата која на моменти фрлаше камења и шишиња кон полицискиот кордон.

Поради чувствителниот и тензичен момент колегата Донев постапил по наредбата од полицискиот службеник чија идентификација не била видлива, што пак , „Слободен печат“ како редакција го смета за опструкција во извршувањето на професионалната новинарска задача.

Според нашиот репортер, откако се избришани снимките од службениот телефон на „Слободен печат“ оваа „тројка“ инспектори се упатиле кон друг репортер кој од истиот агол го снимал протестот.

„Слободен печат“ верува во слободата на информирање која е неприкосновена и смета дека МВР ќе го расчисти случајот со лицата кои ја злоупотребуваат својата положба и го попречуваат јавното информирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk