Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска присуствуваше на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.
Овој проект ќе овозможи модернизација на значаен дел од производните капацитети и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори. Особено значајно е што со оваа инвестиција се зајакнува хидропотенцијалот на државата и се создава посигурен и поквалитетен електроенергетски систем, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Николоски.
Целта е поголема енергетска независност, вели Николоски.
-Со ваквите проекти чекор по чекор се приближуваме кон нашата цел поголема енергетска независност и производство што ќе ги задоволува домашните потреби. Нека ни се множат ваквите проекти што носат долгорочна стабилност и развој, пишува во својата објава Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата