Наместо помош, останал без парите што штотуку ги подигнал од банкомат. Триесет и петгодишен скопјанец бил ограбен во скопската населба Центар, откако непознат маж, кој му помогнал да извади пари, со употреба на сила му ги одзел и побегнал.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 август во 18:00 часот, С.С. (35) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот побарал помош од непознат маж за да подигне пари од банкомат.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата