logo
logo
logo

Платил 350 евра мито за возачка, па се жалел во полиција дека не му завршиле работа

Vecer | 07.06.2023

Платил 350 евра мито за возачка, па се жалел во полиција дека не му завршиле работа

38-годишен жител на тетовско ѝ дал 350 евра на жена која тврдела дека ќе му „помогне“ при полагање, а откако го измамила, случајот го пријавил во полиција, соопшти МВР.
„На 06.06.2023 во 14.00 часот во СВР Тетово, А.Р.(38) тетовско Синичане пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 350 евра. Според пријавеното, тие се договориле со жената, вработена во автошкола, таа да му помогне при полагање на возачки испит, но договореното не било завршено, по што таа не му се јавувала на телефонските повици и сфатил дека бил измамен“, велат од полицијата.

Во кусото соопштение нема информација од МВР за тоа дали пријавителот ќе одговара за кривичното дело што го признал со самата пријава – дека дал поткуп, но се вели дека полицијата работи на расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk