logo
logo
logo

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ПРАВОСУДНАТА СОРАБОТКА: Македонија и Турција ги зацврстуваат врските

Vecer | 08.10.2026

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ПРАВОСУДНАТА СОРАБОТКА: Македонија и Турција ги зацврстуваат врските

На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за правда на Република Турција, Акин Ѓурлек, кој е домаќин на самитот.

Средбата претставуваше можност за размена на мислења за актуелните предизвици во правосудството, реформските процеси и перспективите за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

Посебно внимание беше посветено на значењето на институционалниот дијалог, размената на искуства и добри практики, како и на улогата на меѓународната соработка во зајакнувањето на владеењето на правото и ефикасноста на правосудните системи.

Министерот Шасивари ја истакна важноста на партнерските односи со Република Турција и подготвеноста за продолжување на соработката во областите од заеднички интерес.

Средбата се одржа во рамките на учеството на министерот Шасивари на Меѓународниот самит за правда, кој обединува министри за правда и високи претставници од повеќе земји, со цел размена на искуства и унапредување на меѓународната правосудна соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk