МИЦКОСКИ СО НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА: Ако сакаат нека побараат

Vecer | 24.11.2026

МИЦКОСКИ СО НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА: Ако сакаат нека побараат
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се избрани од граѓаните за мандат од четири години и Владата работи за редовни парламентарни избори во пролетта 2028 година, но доколку опозицијата поднесе барање за распуштање на парламентот, владејачкото мнозинство ќе го поддржи таквиот предлог и ќе се оди на предвремени избори, рече вечерва претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

- Ако сакаат предвремени парламентарни избори, многу е едноставно. Здружената опозиција, СДСМ, Левица, ДУИ, поднесува барање во парламентот за распуштање, ние го поддржуваме и одиме на предвремени избори. Договараме датум, тоа е тоа… Се разбира, ако сме предизвикани, тогаш треба да се провериме. Ако граѓаните мислат дека опозицијата треба да ја добие довербата, тоа е тоа. Ние ќе одиме во опозиција, тие ќе бидат идната влада - рече Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk