Во пресрет на посетата на Брисел в среда, пак, Мицкоски нагласи дека неговиот став за членството на Македонија во Европската Унија е непроменлив и поткрепен со аргументи, а ставовите на опозицијата ги оцени како некредибилни. Додаде дека Македонија ќе се бори за европската перспектива и дека нема откажување.
- Јас имам став кога станува збор за прашањето за членството на Македонија во Европската Унија и тој став е константа. И не го менувам согласно со дневните потреби. Не е тоа пластелин... Полека, но сигурно, чекор по чекор, колку и да е тој мал и колку и да изгледа невидлив во овој момент, ние успеваме со нашите аргументи - рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата