Претседателот на СДСМ Венко Филипче вчера имал средба со албанскиот премиер Еди Рама. Средбата се одржала во просториите на албанскиот конзулат во Битола. Она што е впечатливо на прв поглед од сликата од средбата е дека Филипче седнал на маса зад која ги има албанското и знамето на НАТО, но не и македонското знаме.
Нема детали за што е разговарано на средбата, но спорен е амбиентот во кој го нема официјалното државно знаме на Македонија. Барем според фотографијата која на социјалните мрежи ја објави членот на потесното партиско раководство на СДСМ Агрон Демири. Малку подоцна, Демири ја избришал сликата од социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата