Македонија бележи најголем раст на авио сообраќајот и туризмот во Европа и Централна Азија, според извештајот на Светска банка, објави министрот за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека растот на бројот на вио летови и туристичкиот развој преставуваат значаен успех за земјата, особено во услови на голбални економски предизвици.
„Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.
Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.

Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија.
Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот“, истакна министерот.
Николоски додаде дека само во еден ден на охридскиот аеродром опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата