logo
logo
logo

Вечер.мк дознава

Неофицијално: Беса Арифи, сестрата на Теута ШЕФ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ГРЕКО, предложена од владата и правда

Vecer | 25.07.2023

Неофицијално: Беса Арифи, сестрата на Теута ШЕФ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ГРЕКО, предложена од владата  и правда

Вечер.мк неофицијално дознава дека сестрата на Теута Арифи, екс-министерка и екс-градоначалничка на Тетово која беше и одбиена за амбасадорка во Вашингтон, госпоѓа Беса Арифи е предложена од министерството за правда и од Владата за шеф на делегацијата на Македонија во ГРЕКО, работно тело за борба против корупцијата, во Советот на Европа во Стразбург. Информцијата се уште не е потврдена од надлежните.

Арифи досега беше дел и од работната група која беше формирана да ги напише уставните амандмани за уставните измени кои денеска се најдоа во Собранието.

Според информациите претходно Ана Павловска Данева која беше и поранешна пратеничка од СДС, но во последно време критичар на власта, си поднела оставка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk