Премиерот Христијан Мицкоски, по повод одбележувањето на годишнината од двата историски Илиндена – 2 август 1903 година и 2 август 1944 година, порача дека Крушевската Република и АСНОМ претставуваат нераскинлив континуитет на македонската борба за слобода и државност.
Истакнувајќи го историското значење на 2 Август – Денот на Републиката, премиерот Мицкоски потенцираше дека темелите на современата македонска држава се цврсто поддржани од идеалите на илинденците и асномците.
„Крушево и АСНОМ не се две различни приказни, туку една низа. Две страници на истата книга напишана со вера, со храброст и со непоколеблива одлучност – земјата да биде своја, достоинствена и слободна. Во Крушево се роди идејата дека слободата вреди повеќе од животот, на АСНОМ, во манастирот Св. Прохор Пчињски, таа идеја доби своја државотворна форма. Во Крушево се покажа дека народот никогаш не престанува да сонува, на АСНОМ се покажа дека народот кој не престанува да сонува, знае и да создава... Делегатите на Првот заседание на АСНОМ, на 2 Август 1944 година го побарале својот темел, основата на која ќе ја градат македонската држава и таквата цврста подлога ја пронашле 41 година наназад – во Македонскиот Илинден 1903 година, на темелите на борбата на комитите и војводите кои четири децении пред нив го развеале знамето на Крушевската Република и се бореле за слободна и автономна Македонија чиј патрон е организацијата ВМРО“, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата