logo
logo
logo

БЕЛ ШТРАЈК НА ГРАНИЦИТЕ: Вака не било никогаш на „Евзони“, а на „Градина“ се чека и пет часа

Vecer | 01.08.2026

БЕЛ ШТРАЈК НА ГРАНИЦИТЕ: Вака не било никогаш на „Евзони“, а на „Градина“ се чека и пет часа

- Грчките цариници можеби не се во официјален штрајк, но во бел се сигурно. Мислам дека дури и намерно се изживуваат на овие пеколни температури, вели Лидија Горачинова-Илиева, професорка на Универзитетот во Штип.

- Два часа во колона, се движиме со брзина на желка и сѐ уште не ја гледаме границата. Да ти преседне одморот и да не ти текне уште еднаш да отидеш во Грција, вели таа откако вчера се најде во огромните колони на граничниот премин „Евзони“.

На коментарите дека е продолжен викенд и стандард за лето, додава дека на одмор во Грција била сигурно над 30 пати, но вака не било.

Жалби за бавното поминување на границите на групите за патување се споделуваат и од Срби, кои пак, за да ја избегнат гужвата на македонско-грчката граница, одбрале да патуваат преку Бугарија.

Бел штрајк е вид на тивок протест каде работниците строго ги почитуваат законите и правилата, но работат бавно и без ентузијазам, намалувајќи ја продуктивноста.

Грчките граничари уште од почетокот на воведувањето на новиот систем преку синдикатите им дадоа до знаење на властите дека обемот на работа е драстично зголемен и нехуман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk