Лидерот на „српските суверенисти“ Вукша Драговиќ ги откри податоците што ги добил од Народната банка на Србија (НБС), според кои невладините организации добиле 1,3 милијарди евра од странство за пет години!
Од 2021 до 2025 година, невладините организации во Србија добиле 1,3 милијарди евра од странство покажуваат официјалните изводи од сметките на “невладините“ организации и активистите на “шарената револуција“ во Србија.
Драговиќ се најави преку видео објава и истакна дека невладините организации добиле најмногу пари во 2024 година, кога падна крошната во Нови Сад.
„Бевме во НБС и им поставивме три прашања. Првото прашање: Колкав е вкупниот девизен прилив кон здруженијата на граѓани и фондациите регистрирани во Србија за годините 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 година? Второто прашање: Кои здруженија и фондации - првите 50 - според овој вид приход? Третото прашање: Кои се првите 10 земји од кои доаѓаат приливи за невладините организации?“, истакна Драговиќ. Потоа тој нагласи дека тие не можат да одговорат на второто и третото прашање според законот.

„Сите невладини организации на територијата на Србија добиле 215 милиони евра во 2021 година, 230 милиони евра во 2022 година, 288 милиони евра во 2023 година, 310 милиони евра во 2024 година и 265 милиони евра во 2025 година. Кога ќе се соберат тие пари од 2021 до 2025 година, невладините организации во Србија добиле 1,3 милијарди евра. Ова е многу интересен одговор“, рече Драговиќ, кој потоа најави дека ќе го објави овој одговор на социјалните мрежи во 20 часот.
И покрај огромните пари уплаќани од странство и ангажман на “невладини активисти“ не само од Србија туку и од Македонија, Босна, Хрватска, Црна Гора... како и од повеќе европски држави - обидот за државен удар - не успеа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата