На социјалните мрежи се појави видео снимено на аеродромот во Тирана, на кое се гледаат вреќи со пари за кои се тврди дека му припаѓаат на премиерот Еди Рама.
Заедно со објавеното видео, имаше тврдења дека со вреќите му припаѓаат на албанскиот премиер Еди Рама и самиот тој се подготвува да ја напушти земјата.
Во последните месеци, Албанија е зафатена од антивладини протести, при што демонстрантите изнесуваат разни барања до владата на премиерот Еди Рама.
Сепак, досега нема официјални информации што ги поврзуваат протестите со видеото што циркулира на социјалните мрежи или тврдења дека премиерот планира да ја напушти земјата.
Албанската влада не коментираше за обвинувањата околу спорната снимка, додека не е достапна независна потврда за тврдењата за потеклото на парите или наводното заминување на премиерот од земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата