Дали имало или не локални услуги за Кристјан Карабоски, напаѓачот од Охрид кој ја претепа девојката и не доби притвор по приведувањето ќе се утврдува дополнително, но постапката се повторува и сега се обвинителството да побара 30 дена притвор за него.
Кристијан Корабоски, осомничен за нападот врз Сара Ѓорѓиевска во Охрид, пред два часа е повторно приведен и се наоѓа во полициската станица во Охрид.
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – „телесна повреда“, „противправно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста“. Заедно со обвинението, до Основниот суд во Охрид е доставен и предлог за определување притвор.
Според Обвинителството, при вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на оштетената.

Во текот на денот, јавниот обвинител презел повеќе дејствија за испитување на настанот. Оштетената била испитана во присуство на социјалните служби, а било наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.
Информацијата доаѓа по реакциите во јавноста на одлуката на охридското обвинителство да побара мерки на претпазливост. Судот претходно му забрани на Корабоски да ѝ се приближува на Сара на помалку од 50 метри, му го одзеде пасошот и му наложи да се јавува во судот секој втор понеделник, по што следуваше бурна реакција од македонската јавност за одредената мерка, а јавниот обвинител, збунето одговараше на новинарски прашања, и бараше време да утврди што точно се случува.
СВР Охрид претходно поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Државниот јавен обвинител Ненад Савески најави дека за правната квалификација ќе се одлучи по разгледување на доказите.
Остра реакција и против делото извршено на настанот но, и против одлуката напаѓачот по приведувањето да замине дома без проитвор, имаше и од редица државни функциоемнри, почнувајќи од охридскиот градоначалник Пецаков па се до премеирот Христијан Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата