Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид

Vecer | 16.11.2026

Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен, порача градоначалникот Кирил Пецаков.

-Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид. Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот, рече Пецаков.

Градоначалникот на Охрид порача дека насилство не е решение!

-Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин, посочи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk