ЌЕ СТОРАМ СЕ СТОРИТЕЛОТ ДА БИДЕ ИЗВЕДЕН ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА - Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид

Vecer | 16.11.2026

ЌЕ СТОРАМ СЕ СТОРИТЕЛОТ ДА БИДЕ ИЗВЕДЕН ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА - Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

- Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците кои што ги имавме денес овде, за борбата која што ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. Но, за жал до мене стигна ужасната вест која што ги потресе oхриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка, рече премиерот Христијан Мицкоски.

-Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое што се случува. А, воедно како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека се ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое што го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk