Истечените пасоши немаат никаква важност за странските цариници, иако Владата донесе одлука да го продолжи рокот на важност до крајот на годината, поради пандемијата.
Охрабрени од ваквата најава десетици македонски граѓани тргнаа надвор од земјата, но беа принудени да се вратат назад.
Некои пак, кои си купиле авински билет за подалечните дестинации не успеале да го напуштат ниту аеродромот.
Изреволтирани од неуспешното спроведување на оваа одлука, неколкумина наши читатели се пожалија до редакцијата на Слободен печат.
– Тргнавме на одмор во Грција. На мојата сестра и е истечен пасошот, но бидејќи не успеа да добие термин за сликање за нов пасош се охрабри да патува со стариот. При излез од Македонија никој не ни направи проблем, но при влез во Грција на сестра ми и беше кажано дека не може да го продолжи патувањето, по што ние продолживме а таа се врати назад, објаснува Магдалена од Скопје и прашува зошто Владата си поигра на ваков начин со граѓаните ширејќи ја информацијата дека може да се патува со истечен пасош.
Слична информација сподели струмичанец кој требало од Германија да стигне во Македонија.
Од МНР апелираат до граѓаните кои живеат во Македонија да не патуваат во странство со истечен пасош.
– Ги информираме сите граѓани дека најсигурниот начин за патување во странство е со патна исправа на која не ѝ е истечен рок на важење. Ги повикуваме сите наши државјани што живеат на територијата на Република Северна Македонија да се обратат навремено до Министерство за внатрешни работи, како единствена надлежна институција за издавање патни исправи во земјава, и да побараат навремено издавање на соодветни патни исправи, како единствен сигурен начин за патување во странство, велат од МНР.
МВР си тера по старо.
Целиот текст на овој линк
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата