На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица половина час

Vecer | 05.08.2022

На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица половина час
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На ГП Богородица за излез се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk