ПОВТОРНО ДОСТАПЕН УВИДОТ ВО СМЕТКИТЕ НА АЛТА БАНКА

Vecer | 08.11.2026

ПОВТОРНО ДОСТАПЕН УВИДОТ ВО СМЕТКИТЕ НА АЛТА БАНКА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Мобилното и електронското банкарство на АЛТА банка АД Битола повторно се во функција, но со ограничени можности за корисниците. Засега, клиентите можат да ја проверуваат и следат состојбата на своите сметки, додека останатите банкарски функционалности сè уште не се достапни.

Од Банката информираат дека интензивно работат на постепено воспоставување на сите услуги, со цел целосно враќање на функционалноста на дигиталните банкарски канали.

Во оваа фаза, преку мобилното и електронското банкарство е овозможен увид и следење на состојбата на вашите сметки, додека останатите функционалности сè уште не се достапни, се наведува во соопштението на АЛТА банка.

Од Банката засега не прецизираат кога ќе бидат овозможени сите функционалности, но најавуваат дека клиентите навремено ќе бидат информирани за секое понатамошно подобрување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk