logo
logo
logo

„НА СДС И НА ФИЛИПЧЕ ИМ ПРЕЧИ НЕЗАВИСНОСТА, А СЕГА И ЗНАМЕТО НА МАКЕДОНИЈА КОЕ ДВА ПАТИ ГО МЕНУВШЕ“ - ВМРО ДПМНЕ со жестока реакција до СДСМ и Филипче

Vecer | 10.08.2026

„НА СДС И НА ФИЛИПЧЕ ИМ ПРЕЧИ НЕЗАВИСНОСТА, А СЕГА И ЗНАМЕТО НА МАКЕДОНИЈА КОЕ ДВА ПАТИ ГО МЕНУВШЕ“ - ВМРО ДПМНЕ со жестока реакција до СДСМ и Филипче

ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките од СДС за визуелните елементи на спектаклот „Силно светнал ден“, посветен на 35-годишнината од независноста на Македонија. Од партијата велат дека станува збор за уметничка инсталација во која повеќекрако сонце визуелно се претопува во македонското државно знаме со осум зраци.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДС и лидерот на партијата Венко Филипче намерно го оцрнуваат настанот, кој, како што наведуваат, бил позитивно прифатен од граѓаните. Според владејачката партија, критиките се политички мотивирани и претставуваат напад врз одбележувањето на 35 години независна Македонија.

„На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на политиките на претходните влади во однос на државните симболи и други прашања поврзани со државноста.

Од партијата упатуваат низа обвинувања кон СДС, меѓу кои и за уставните промени и политиките поврзани со историските и националните прашања.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека манифестацијата „Силно светнал ден“, организирана по повод 35 години независност, ја обединила државата и била позитивно прифатена од граѓаните.

Од партијата додаваат дека, според нив, критиките од СДС се обид за оцрнување на проектот и порачаа дека власта ќе продолжи со активности за, како што наведуваат, враќање на достоинството и напредокот на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk