logo
logo
logo

Обвинителството побара ПРИТВОР ЗА ИВА МИХАИЛОВА

Vecer | 13.10.2026

Обвинителството побара ПРИТВОР ЗА ИВА МИХАИЛОВА

Утринава, 24 часа откако на бугарските телевизии се појави обвинетата и пребегана Ива Михајлова која веќе се лекува во болницата „Пирогов“, кочанскиот суд добил известување од МВР дека таа не е во Кочани и дека не се јавила во Судот како што ѝ беше наложено со мерките за обезбедување на нејзиното присуство. Во известувањето до кочанскиот суд од МВР, пишувало дека таа не е пронајдена на адресата во Кочани.

Претседателот на кочанскиот суд, кој исто така е судија во предметот во кој е обвинета Михајлова, Спиро Борисов, вели дека во 9 часот и 40 минути утринава во кочанскиот суд пристигнало известувањето од МВР и веднаш е препратено до ОЈО Кочани. ОЈО Кочани треба да даде предлог за евентуално построга мерка, по што судот пак ќе треба да одлучува. По донесувањето на одлуката, се издава наредба за потерница, според судијата Борисов.

„Известен е јавен обвинител од страна на судот утрово, и веднаш до судот е доставен предлог за определување мерка притвор“, велат од ОЈО, додавајќи дека судот би можел да постапи и по службена должност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk