Се пушти во употреба машкиот оддел за ургентна психијатрија по реконструкцијата за која се вложиле 300 илјади евра во Јавната здравствена установа Психијатриска болница – Скопје во Бардовци. Оддел, со површина од околу 600 квадратни метри, се отвори по повод Светскиот ден на менталното здравје.

Министерот Сашо Клековски посочи дека подобрувањето на условите во психијатриските установи е неопходно, потсетувајќи се на лошите услови со кои се соочил за време на студиите пред четири децении.
- Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени.Ова не е проект туку јавните здравствени установи со сопствените буџети можат да вршат континуирано реновирање на просториите, бидејќи кај психијатриските болници проблемите не можат да се решат со кампањи еднаш на пет или на де десет години, потребно е постојано реновирање, постојана хигиена и одржување.

Директорот на болницата Хиса Абдулаи, пак дециден додека тој е на функцијата ќе се залага за додобри услови и стандарди за лекување.
- Како директор моја обврска останува и понатаму да создавам подобри услови за пациентите, современи стандарди и развој за заштита да развој на здравствената заштита во областа на менталното здравје.
Верувам дека отварањето на овој оддел ќе биде само важен чекор за да продолжиме напред со нови инвестиции во нашата болница, при што се јави најавувам дека следната година повторно ќе се сретнеме заедно за да отвориме уште еден современ реновиран простор, а тоа е судското одделение, изјави Абдулаи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата