logo
logo
logo

МВР демантира етничка провокација

Vecer | 21.07.2026

МВР демантира етничка провокација

Се појави вест дека на патот од Скопје до Косово, Блаце,. е пронајден автомобил кој бил предмет на сообраќајна несреќа и во него три починати лица. Жртвите се Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани (косовски државјани).

Пронајдени се мртви во превртено патничко возило марка „Мерцедес“ со германски национални ознаки. Претходно биле пријавени за исчезнати од нивните семејства откако заминале од скопскиот аеродром.

Според информациите, на 19 јули во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш. (56) од Косово пријавил дека не може да стапи во контакт со неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К., откако претходната вечер, околу 22:15 часот, заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје.

Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар и Единицата за интервентна полиција извршија пребарување на камерите на „Безбеден град“ за да се лоцира трасата на движење на исчезнатите лица и возилото кое го користеле, а подигнат беше и дрон над трасата поради фактот што беше утврдено дека возилото не ја напуштило државата преку ГП Блаце“, соопшти МВР

Но, отпрвин по социјалните мрежи а потоа и од некои портали на албански јазик, се појавија шпекулации дека возилото настрадало затоа што го бркала полицијата со тоа давајќи етничка насока дека “Албанците настрадале поради полицијата...“ а полицајците биле - лажни што, наводно, се случувало и порано.

Министерството за внатрешни работи ги демантира објавените невистини и шпекулации во дел од медиумите во врска со сообраќајната несреќа во која животот го загубија три лица на автопатот ГП Блаце-Скопје дека наводно лицата биле бркани од друго возило кое лажно се претставувало како полиција и дека таква појава била забележана и претходно.

Апелираме да не се шират дезинформации, ниту е забележана таква појава ниту има пријави за т.н. лажна полиција, а истражните органи ќе ја откријат причината која придонела до сообраќајната несреќа, соопштуваат од МВР

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk