Мицкоски - Вучиќ: МОСТОВИ ЗА ПОГОЛЕМА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Vecer | 22.11.2024

Мицкоски - Вучиќ: МОСТОВИ ЗА ПОГОЛЕМА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Попладнево во Белград се сретнаа премиерот Христијан Мицкоски со претседателот ма Србија Александар Вучиќ.

- Имав средба со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани, објави Мицкоски

На својот Фејсбук профил се огласи и Вучиќ.

- Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка на полето на енергија. Се согласивме дека солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.

- Особено сум благодарен за фактот што Северна Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството, напиша тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk