logo
logo
logo

Мицкоски: Се бориме против огнените стихии, пристигнува помош од пријателски држави

Vecer | 14.07.2024

Мицкоски: Се бориме против огнените стихии, пристигнува помош од пријателски држави

Се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран. Интензивно сме во комуникација со повеќе пријателски држави од кои побаравме помош во рамките на нивните можности за гасење на пожарите, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.

За скоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. Министрите за одбрана, МВР, надворешни работи и трговија Мисајловски, Тошковски, Муцунски како и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е во интензивна комуникација со нивните колеги од овие држави. За само неколку дена после повеќегодишно запоставување и негрижа и затекната состојба на приземјени летала без пилоти, оспособивме летала кои се приклучија во гасење на пожарите и соодветен кадар. Се приклучи армијата и полицијата, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека сега е обезбедена и поддршка од пријателите.

Нема да седиме со скрстени раце и ќе направиме се што е во наша моќ и надлежност да се справиме со состојбите, истакна тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk