700 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАСОВИ ГИ НЕМА – ВМРО-ДПМНЕ прашува каде завршиле парите на Општина Центар

Vecer | 26.11.2026

700 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАСОВИ ГИ НЕМА – ВМРО-ДПМНЕ прашува каде завршиле парите на Општина Центар
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Бетон Герасимовски повторно преку општинскиот Буџет издвоил пари за мерка, која ниту е реализирана, ниту се реализира, а парите ги нема никаде, реагира Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор, како што појасни за проектот „Пензионерите за децата“, со кој треба да се обезбедат бесплатни дополнителни часови за учениците од седмо, осмо и деветто одделение.

Предвидено е ангажирање на пензионирани професори и експерти за предметите математика, физика, информатика и странски јазици.

За овој проект, додаде таа, се предвидени 700.000 денари, а како период на реализација е наведен периодот од септември 2026 до јуни 2027 година.

„Но, еве, веќе на крајот на месец ноември, и само на 40-тина дена пред крајот на 2026 година, ниту има пријавени професори, ниту има одбрани професори, ниту се има разговарано за оваа точка на советот на општината Центар, ниту пак овие 700 илјади денари се пренаменети за друга мерка.

Едноставно, дали овие 700 илјади денари исчезнале од општината, или пак завршиле во нечив џеб? Каде е повикот за пријавување на професорите кој требало да биде завршен во март 2026 година? Дали учениците во училиштата добиваат дополнителни часови како што им вети Герасимовски?

Очекуваме одговори, а не демагогии и флоскули“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk