logo
logo
logo

Македонскиот премиер Џафери ПРВО ИМ СЕ ОБРАТИ НА АЛБАНЦИТЕ

Vecer | 28.01.2024

Македонскиот премиер Џафери ПРВО ИМ СЕ ОБРАТИ НА АЛБАНЦИТЕ

Новоизбраниот премиер Талат Џафери веднаш по неговиот избор се упати во ТВ студио каде го даде и првото телевизиско интервју како премиер на Македонија. Неговата партија 28-ми јануари го слави како историски ден.

Голем број на реакции на друштвените мрежи од новинари поради таквата постапка на Талат Џафери. Според пишувањата, тој дал ТВ интервју пред двајца новинари, едниот од Косово а другиот од Албанија.

И неговиот прв денешен говор беше на албански јазик, а потоа на македонски јазик, за што исто така имаше забелешки.

Голем број на медиуми од Косово и Албанија денеска беа присутни и во зградата на Собранието, при што преку директни отворени студија ја пренесуваа сликата од изборот на првиот премиер Албанец во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk