logo
logo
logo

Македонија, по Албанија, ВРВ НА ПРЕКУМЕРНА СМРТНОСТ ВО ЕВРОПА

Vecer | 22.04.2021

Македонија, по Албанија, ВРВ НА ПРЕКУМЕРНА СМРТНОСТ ВО ЕВРОПА

И во нормалниот живот, како и во време на оваа ковид криза, државите имаат стандарди во стапката на смртност на своите граѓани.

Британски Економист се потруди да пресмета како се движи смртноста на населението во државите во време на кризата што, темелно, отсликува капацитет и способност на државите, социјалниот и здравствениот државен систем да се справи со епидемијата и да ги заштити своите граѓани од фатални, смртни последици.

Според Економист Македонија, е по Албанија, е држава во Европа со најголема стапка на смртност во однос на годините пред епидемијата. Со тоа, и фактички, се става точка на приказните дека Македонија “успешно се справува со кризата“ додека граѓаните ги губат животите заради слаб медицински и социјален систем.

Во Македонија се умира речиси во ист број како во Бугарија или Србија кои се три и повеќе пати побројни држави!

Симптоматично е што државите со најголема смртност во епидемијата се и државите со нависок степен ан корупција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk