logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА | По три децении се враќа Средното полициско училиште „7 Мај“: НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ИДНИ ПОЛИЦАЈЦИ СЕДНА ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ

Vecer | 01.09.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | По три децении се враќа Средното полициско училиште „7 Мај“: НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ИДНИ ПОЛИЦАЈЦИ СЕДНА ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ

По 30 години пауза, повторно започна да се создава нова генерација идни полициски службеници во Македонија. Со 310 ученици денеска официјално стартуваше наставата во обновеното Средно полициско училиште „7 Мај“, со што по три децении од последниот упис повторно се враќа средното полициско образование. На свечениот почеток присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој на првите десет кандидати им ги врачи договорите за школување и им посака успех во образовниот процес.

„Конечно, по 30 години од последниот упис во Средното полициско училиште во Македонија, имаме нова генерација идни полициски службеници, кои за две години ќе се стекнат со професијата полициски службеник“, изјави Тошковски.

Тој посочи дека во следните две години учениците ќе поминат низ образовен и професионален процес, во кој значајна улога ќе имаат професорите, менторите и едукаторите, но најмногу самите ученици со својот труд и посветеност.

„Сигурен сум дека по две години ќе можеме да се гордееме со нова генерација полициски службеници со завршено Средно полициско училиште“, порача министерот.

Тошковски им се заблагодари на сите кои во изминатите две години биле вклучени во повторното воспоставување на училиштето.

Обновувањето на Средното полициско училиште „7 Мај“ е дел од напорите за зајакнување на кадровските и образовните капацитети на МВР и создавање нови генерации професионални и обучени полициски службеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk