logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА СО ТРИПАТИ ПОГОЛЕМ ПРОСЕЧЕН РАСТ, рече премиерот Мицкоски

Vecer | 06.10.2026

МАКЕДОНИЈА СО ТРИПАТИ ПОГОЛЕМ ПРОСЕЧЕН РАСТ, рече премиерот Мицкоски

Во изминатите 27 месеци, односно 8-9 квартали од избирањето на оваа Влада, просечниот раст е над 3,5 проценти на реална основа во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер, Европската Унија или еврозоната, тој се движи помеѓу 1 и 1,2 процент. Тоа е трипати повеќе во споредба со просечниот раст кај нашиот најголем трговски партнер - потенцира денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светската банка - „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Навраќајќи се на 2006 и 2008 година, кога државата имала пет, пет и пол, па дури и шест проценти раст, но тогаш, посочи, растот насекаде бил толкав.

- Ако го анализираме третиот квартал од оваа година, вчера Државниот завод за статистика ги објави податоците за увоз-извоз, ние веќе втор месец од третиот квартал, покрај јули и август, имаме 11,5 проценти раст на извозот, 8,5 проценти раст на увозот. Значи, извозот побргу се зголемува отколку увозот, не во номинални средства, бидејќи сме увозно зависна земја. Но сакам да кажам дека во услови кога ги имаме најголемите предизвици во светот, во услови кога имаме две војни во соседството, кога ја имаме најголемата енергетска криза, не според македонската Влада, туку според Фатих Бирол, директорот на Светската енергетска агенција, во услови кога имаше итен состанок на Г7-земјите, бидејќи една од членките во 15 проценти од пумпите немаше дизел-гориво, во услови кога постоеше можност да имаме забрана од една од членките на Г7 за извоз на дизел-гориво, ние сепак успеваме да обезбедиме стабилна цена, најниска во Европа, и тоа ни овозможи да ја консолидираме инфлацијата. Во јули 2,3 %, во август 2,6 %, во услови кога европскиот просек во јули е 2,9 %, а во август е 3,3 %. Сега најавија, Евростат објави прелиминарни процени за септември - 3,8 %. Нас нè убедуваа дека е увезена инфлацијата, е па можела и да не биде увезена инфлацијата - рече Мицкоски.

Според анализите на Државниот пазарен инспекторат, премиерот очекува кај храната и безалкохолните пијалаци инфлацијата во септември да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk