Кога премиерот Мицкоски гостува на медиуми блиски до минатата власт на СДСМ и ДУИ постојано му се поставува прашањето “ќе има ли вонредни избори“ што наведува на заклучок дека сегашната опозиција, која не бара вонердни избори, има страв од нив.
Дали ќе има предвремени избори, јас денеска кажав – Ние имаме редовни избори на пролет 2028-ма година, но доколку има некаква иницијатива од здружената опозиција, ние сме подготвени да ја поддржиме таа иницијатива, рече премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма.
-Смешно е воопшто да ме прашувате дали има некаков договор со ДУИ поврзан со враќањето на Артан Груби. Или не ме познавате доволно или не знаете како функционирам, рече Мицкоски.
Новинарката го праша дали најавите на Димитриевски што ќе се случи ако се донесе поинаква одлука за полагање на правосуден испит на албански јазик, се некаков договор за предвремени избори.
-Многу е едноставно. Ако сакаат предвремени избори, поднесуваат иницијатива за распуштање на Парламент од здружената опозиција, ние ја поддржуваме и одиме на предвремени парламентарни избори. Ние работиме како да имаме редовни парламентарни избори на пролет 2028. Не барајте теории на заговори, сценарија, овој ќе напуштел… И да напушти Максим Димитриевски, Владата има 61 пратеник и повеќе од тоа, рече Мицкоски.
Со ВРЕДИ, рече Мицкоски, имаат одлична и редовна координација и соработка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата