logo
logo
logo

КРВАВА РАСПРАВИЈА ВО ТЕТОВСКО КАФУЛЕ - Вработен со остар предмет повредил гостин

Vecer | 06.08.2026

КРВАВА РАСПРАВИЈА ВО ТЕТОВСКО КАФУЛЕ - Вработен со остар предмет повредил гостин

Вработен во угостителски објект во Тетово е приведен откако по расправија со гостин го повредил со остар предмет. Инцидентот се случил вчера наутро во кафуле на улицата „ЈНА“, при што 53-годишен тетовчанец се здобил со повреда на раката, а по целосното расчистување на случајот против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до расправија меѓу него и А.Ј. (53) од Тетово. Во текот на расправијата, Л.М. со остар предмет му нанел повреда на раката.“

Л.М. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk