logo
logo
logo

КОВАЧКИ СО ОСТРА ПОРАКА ДО СДСМ - Вчера клечеа пред Софија, утре ќе клечат пред Белград, задутре пред Москва

Vecer | 05.08.2026

КОВАЧКИ СО ОСТРА ПОРАКА ДО СДСМ - Вчера клечеа пред Софија, утре ќе клечат пред Белград, задутре пред Москва

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, упати остри критики на адреса на СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека со години ја менува својата политика во зависност од политичките околности и надворешните влијанија. Во објава на социјалните мрежи, Ковачки порача дека, како што наведе, „вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва“, додавајќи дека „трета генерација исправен 'рбет не памети“.

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот“, објави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

„Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните“ политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат. Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство. Дедото се клањал на едни, таткото на други, а внукот ја мери јачината и правецот на ветерот и однапред си се наведнува. Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва… адресата се менува, ама држењето (виткањето) не“, објави Ковачки на Фејсбук.

Што би рекол народот: Трета генерација исправен ‘рбет не памети, додаде тој.

„Тоа што измеќарството го издигнаа на ниво политичка доктрина и го нудат како единствен разумен пат, не е ништо друго туку обид да си ја кренат цената, притоа не сфаќајќи дека не само што така си ја спуштаат сопствената цена, истовремено кревајќи ја летвичката за сопствената татковина повисоко. Македонија нема време за губење со таквите структури. Одиме напред“, објави Ковачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk