logo
logo
logo

Откако ја упропасти државата во основа

Конечно, суетниот Димитров се вдоми. Во Трилатрела - една од трите ВЛАДИ ВО СЕНКА (ДЕТАЛИ)

Vecer | 12.11.2023

Конечно, суетниот Димитров се вдоми. Во Трилатрела - една од трите ВЛАДИ ВО СЕНКА (ДЕТАЛИ)

Екс министерот за дипломатија Никола Димитров, потписник на договорот од Преспа за преименување на Македонија во Северна, при учество на меѓународен форум во Прага, напиша дека ја преставува Македонија, за да се вдоми во Трилатерала.

Според достапните извори, Светската трилатрелала се смета за “влада во сенка“ на светот, една од тите друштва кои се преставуваат за такви, покрај Сорос и Билерберг.

Трилатералната комисија е приватна организација, вид на тајно елитно друштво од суетни индивидулаци, формирана со цел да ги поттикне блиските односи меѓу Америка, Европа и Јапонија.

Основана е на иницијатива на Дејвид Рокфелер, а по идеја на Збигњев Бжежински.

Организацискиот состанок на Трилатералната комисија се одржа на 23 и 24 јули 1973 година на имотот на Дејвид Рокфелер, претседател на Советот за надворешни односи.

Осум претставници на основачкиот состанок биле членови на тој Совет.

Покрај Американците, на средбата присуствувале и претставници на Јапонија и западноевропските земји, претставници на три региони, од кои доаѓа и името: Трилатерална комисија.

Неговиот пост, на суетниот Димитров, ви го пренесуваме во целост:

-Драги пријатели,

Огромна чест ми е да соопштам дека станав глобален член на Трилатералната комисија, основана во 1973 од страна на Дејвид Рокфелер, Збигњев Бжежински и Џими Картер.

Членови се истакнати и докажани професионалци и лидери во областа на политиката, финансиите и академијата, како Хенри Кисинџер, Џорџ Буш, Мајкл Блумберг, Сесилија Малстром, Марио Монти, Карл Билд и многу, многу други.

Комисијата се залага за отворено општество и економија, владеење на правото и силна демократија.

Мојата мисија во рамките на ангажманот со овие истакнати лидери ќе биде промоција и битка за македонските интереси на глобалната сцена, но и за интересите на регионот, од каде за жал не сите земји имаат свои претставници.

Фактот што за прв пат Трилатералната комисија ги отвори своите врати и прими член од Македонија, ме обврзува да ја искористам оваа можност за привлекување на што посилен фокус врз нашите предизвици и врз Балканот.

Светот се менува.

Македонија мора достоинствено да биде застапена на сите важни маси каде се разговара и се градат одлуки што ги засегаат нашите граѓани.

Во продолжение поздрав од прекрасната Прага, каде за прв пат, во својство на член, учествувам на состанокот, кој вчера се заокружи со гала вечера во Прашкиот замок каде ја имавме честа домаќин да ни биде претседателот на Чешка, Петр Павел.

Друштва на суетни политичари

Друштвото на суетните политичари и аналитичари, кои уништуваат држави и институции, по принципот на Отворено општество Сорос, или Билдербег, овој пат е наречено Трилатрелала, каде членуваат истите луѓе и функционери.

Сите три себеси се сметаат за “светска влада во сенка“.

Имаат интенција да ги уриваат државите, владите и општествата, заради остварување на интересите на нивните членови.

Да одиме со ред.

Трилетерала

Билансот на активностите на Трилатералната комисија е крајно негативен: масовна сиромаштија во поголемиот дел од светот, етнички конфликти, ширење на тероризам, уништување држави итн.

За разлика од марксистичката утопија, која мистифицирајќи ја „солидарноста на пролетерите во светот“ влеваше надеж во „заедничката човечка благосостојба“, трилатералистичката утопија нема внатрешна магнетна сила; со студената логика на „светскиот пазар“ и „потрошувачкото општество“ го води светот во духовна празнина, правен нихилизам и состојба на целосна безнадежност. Трилатералното претставува предизвик за големите и малите земји, па затоа не е чудно што револтот се шири не само кај научните работници, туку и кај политичарите.

Без разлика каков пристап имаат кон тајните организации, конспиративно-конспиративни, позитивистички, атеистички, свети, духовни итн., потребно е да се проучат за да се избегнат замките со мудроста. Бидејќи нивното влијание врз историските текови е неспорно.

Билдербершка група

Билдербершка група, Билдербершка конференција или Клуб Билдерберг е годишна, неофицијална конференција со околу 120 до 140 поканети гости од Северна Америка и Западна Европа, а повеќето од нив се влијателни. Околу една третина од нив се политичари и владини лица, а две третини се од сферата на финансии, индустрија, образование и комуникации. Средбите се затворени за јавност и често се промоција за идните политички водачи, кратко пред нивните имиња да се одомаќинат.

Потекло

Првата конференција е одржана во хотелот Билдерберг, близу Арнем во Холандија, од 29 мај до 31 мај 1954 година. Иницијативата била на неколкумина меѓу кои полскиот политичар Јозеф Ретингер, загрижен заради порастот на анти-американизмот во Западна Европа, предложил меѓународна конференција на која водачите од европските земји и Америка со заеднички напори ќе промивираат атлантицизам – подобро сфаќање меѓу културите на Америка и Европа и соработка на политички, економски и одбранбен план.

Отворено општество Сорос

Основач на Фондацијата е американскиот филантроп Џорџ Сорос. Фондацијата е дел од мрежата на Фондации Отворено општество со седиште во Њујорк, една од најголемите филантропски организации во светот.

Фондацијата Отворено општество е приватна донаторска фондација која има за цел да ја обликува јавната политика. Таа наводно промовира демократска влада, човекови права, како и правни, социјални и економски реформи. Фондацијата е основана во 1993 година и оттогаш работи во над 60 земји, вклучително доскоро и Македонија, па ја премести канцеларијата во Албанија.

Ефекти

За да дејствуваат врз владите во светот, додека тие самите не формираат светска влада, глобалистичките групи формираат и бројни економски институции и секако во своите редови вклучуваат пред се „успешни“ богаташи, корпоратисти и индустријалци и суетни политичари.

Затоа што нема политичка моќ без економска моќ.

Тие делуваат и како транснационална дипломатија, бидејќи целта им е да ги „стопат“ сите народи во сопственот лонец.

Овие групи се слични на масони, илуминати и останати лузери.

(Сторијата продолжува)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk