logo
logo
logo

Кока добил помала казна оти СЕ КАЕЛ, ИМАЛ ЖЕНА И ДЕЦА, СЕ КАЕЛ, ПРИЗНАЛ....

Vecer | 22.07.2022

Кока добил помала казна оти СЕ КАЕЛ, ИМАЛ ЖЕНА И ДЕЦА, СЕ КАЕЛ, ПРИЗНАЛ....

Јусуф Енуз Кока, кој доби само 4 месеци затворска казна за пукањето кај Скендербег, добил таква казна наводно поради тоа што го признал делото, но и биле предвид земени околности како тоа дека се каел,  не бил осудуван и коректно се однесувал во текот на постапката, против него не се води постапка за друго кривично дело, имал жена и деца.

Членот 288 став 3 од Кривичниот законик вели дека ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

„Како олеснителни околности судот ги ценеше личните прилики на обвинетиот, пред сѐ неговата возраст, дека е млада личност родена 1982 година, воедно ги ценеше и материјалната и социјалната положба на обвинетиот, околноста дека тој е вработен, женет, и татко на две деца, а особено ги имаше предвид околностите дека обвинетиот во целост го призна сторувањето на кривичното дело“, велат од Основниот кривичен суд за МКД.мк

Според судот тоа придонело до побрзо и поефикасно завршување на постапката, околноста дека обвинетиот досега е неосудуван, дека против обвинетиот не се води постапка за друго кривично дело, дека обвинетиот изрази каење за стореното кривично дело и неговото коректно однесување во текот на постапката.

Првостепената пресуда треба да биде доставена во писмена форма до странките во постапка, а потоа тие имаат рок за жалба од 15 дена.

Во овој случај обвинетиот пиштолџија е во куќен притвор и ќе биде дома додека не биде пресудата правосилна, односно сѐ додека течат роковите за жалби.

Тоа значи дека ако за период од овие месеци трае жалбената постапка и биде донесена иста пресуда од Апелацискиот суд, Кока казната ќе ја одлежи дома, бидејќи во пресудата се засметува и времето што го минува во куќен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk