Сашко Кедев е македонски кардиолог познат по тоа што се искачил на многу високи планини, меѓу највисоките во Европа и Светот. Во меѓувреме е кардилог на државната клиника. Качувањето на такви планиние е скапа работа, трае долго во подготовките и еден погрешен чекор на некој во екипата може да предизвилка одрон кој, удолу, кон другите може да предизвика лавина и некој да настрада.
Кедев, при гостување на штипското радио Канал 77 летово изјави дека во приватните клиники се вршат интервенции, операции на срце, иако според него не постоела оправдана причина за тоа со цел да се зголеми профитот. Акцентот е ставен на приватните кардио клиники без да наведе, притоа, барем неколку примери. Дури и за понаивни јавни обвинувања на цела една здравствена индустрија потребно е да се посочат примери, секако без имиња на пациенти, но да се опишат тие сознинаја - што е обавезно при вакво обвинување.
По тој јавно допрен глас веднаш рерагираше владата и министерството за здравство формира комисија од десет искусни доктори во кардиологијата и кардиохирургијата дополнета со професионалци од Фондот за здравство (ФЗОМ) задолжена да испита случаи по свое сознание како и според дојави на пациенти.
“Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и јавните здравствени установи“ изјавија од ФЗОМ и од кабинетот на министерот за здравство Азир Алиу. Во приватните и јавни (државни) клиники, стои во изјавата,
Работата со наодите, според објавениот модел, на крајот треба да ја оцени и да утврди факти комисија од странски експерти во таа област по што Министерството и институциите ќе постапуваат понатаму. Со комисијата председава д-р Жарко Христовски од Аџибадем Систина. Тие се повикани и стручни за оценка. Не министерот Азир Алиу кој, патем, по струка е информатичар.
Сосема професионален и стручен модел кој во вакви ситуации се применува и би се применил во секоја држава во Европската унија. Медицината е исклучително стручна област, а особено кардио делот, и секакви нестручни, сензационалистички или политички толкувања не се посакувани затоа што секој од нас е, или ќе биде, потенцијален пациент и создавањето страв и хаос во јавноста без факти носи непоправлива штета и за струката и за општетевото. Но, тоа се случува.

По два месеци собирање информации и нивна првична проценка (не и детална анализа, за тоа треба повеќе време) комисјката информира дека се процениле десет случаи на кардио опреации за кои постои основ дека треба да се проверат дали или не требало да се примени и операција. Нови и случаи од пред 10-15 години.
Но, и пред да утврди комсијата и даде завршен збор тимот странски експерти - медиуми блиски до СДСМ и ДУИ како и нивните функционери потткнуваат сомневања во кардио клиниките и сензационализам. Целта е да се пердизвика неоснован страв и недоверба од страна на јавноста која, на крај, би се усмерила кон актуелната власт иако, за време на оваа власт од 18 месеци, нема ниту еден проблем во здравствениот сектор.
Ова е прв пат во самостојна Македонија независна стручна комисија, а не политичка институција, да проверува појави во здравството по допрен глас. Порано, секогаш тоа завршувало во сенка, далеку од јавноста, и со одговори во рамки на власта како да се решава. Токму заради тоа одлучено е крајната оценка и заклучок да го дадат врвни странски кардио експерти кои немаат никакви пријателски, колегијални или финансиски врски и интереси со некого или со некои од македонското здравство.
Фамиозните десет случаи... Што има во првите сознанија?

Според наши информации се работи за лица врз кои се извршени операции за вградување бајпас и операции врз срце. Дел од нив се реализирани по одлука на приватните клиники, а дел по упат и проценка на доктори од државната кардио клиника кои ги упатиле во Аџибадем Систина, Жан Митрев или други во државата каде само се постапило по заклучок и упат на доктор од државата кадриологија или кардиохирургија.
Се работи за понови операции но, и кои се вршени одамна, и пред десет или петнаесет години, и сите пациенти се живи и здрави без последици од извршените операции. Новинар кој сакал да биде информиран можел да праша двајца-тројца доктори од кардио областа и би дознал дека е невозможно да се отвори и оперерта лице и да му се вгради бајпас, а лицето да живее долго потоа, ако нема анатомска и клиничка причина за тоа. Ова го знае и д-р Сашко Кедев, подобро од новинарите. Зошто тогаш тврдел дека постои нешто вакво?
Од десетте “сомнителни“ случаи за “непотребни операции на срце“ дури три од тие десет се извршени во приватни клиники по проценка и упат - токму од д-р Сашко Кедев! Кај еден од нив во државната кардио клиника кај д-р Кедев, е ставен стент на лице кое е дијабетичар иако неговите колеги кои ги консултиравме тврдат дека тоа не смее да се прави.
Како што не смее да се прави стентирање без присуство на кардио хируирг во случај да дојде до компликации. Но, само неколку дена по “славниот“ настап на Кедев на Канал 77 токму кај него, на државната кардиологија, се случи поставување на стент на лице кое почина поради грешка во процесот, а во екипата немало кардиохирург.
Неупатно е да се цени како ќе тече и со какви зкалучоци работата на независната стручна комисија - тоа е премногу стручна тема за новинарите и јавноста но, сосема е јасно дека Кедев направи погрешен чекор во искачувањето во кариерата, за разлика од неговите чести искачувања по планините. Се промовира себеси како “совесен“ а без конкретни примери потврдени со факти наведе неименуван бескраен број други колеги како потенцијални нестручни и измамници. На крајот од десет “сомнителни“ случаи во три од нив Кедев е директен учесник. Предизвика одрон на теренот и доведе во оспасност свои колеги и донесе загриженост и страв во јавноста што резултира со недоверба кон сите доктори и клиники.
Што ни кажува математиката

Дали е ова организиран напад врз приватните кардио клиники? Не би можело да се кажа така, повеќе е предизвикан хаос без конкретна цел, за самопромоција. Допрена е најчувствителната тема во секое општество - во здравството за кое секој граѓанин, до последен, има интерес што се случува.
Откако е тргната лавината започната од Кедев се појавуваат заинтерсирани страни да добијат некој свој интерес во хаосот. Некои кои се кандидати за тендери очекуваат намалување пари од Фондот за здравство за приватните клиники и пресумерување кон државните клиники каде од тендерите би се офадиле. Други, од политиката, гледаат шанса за опозицијата и за свои кариери во власта заборавајќи дека и да имало такви случаи тие се од времето на некоја мината власт. Трети се кариеристите меѓу докторите кои очекуваат функции како последица од разместување во хаосот... Се пуштаат спинови по социјални мрежи и портали дека приватните клиники се богатат, треба пациентите да одат на “државно“, бесплатно.
Но, математиката е проста, и за разлика од медицината таа е секому разбирлива. Дали “државното“ здравство е бесплатно? Секако не е, од парите на Фондот за здравство се плаќаат и приватните и државните клиники, а во време на Ковид кризата видовме како се постапува и кои се резултатите кај едните, а кои кај другите.
Нема државни кардио клиники, ниту персонал во државата, кој може да ги покрие сите потреби за кардио интервенции во Македонија - а тоа се околу 2.000 операции, или интервенции годишно. Нема ниту кај нас, ниту во било која држава пошироко од регионов која може со државни клиники да ги покрива сите пациенти.
Од кардио пациентите околу 1.000 годишно се опрерираат во Жан Митрев и исто толку во Аџибадем Систина, а само околу 40-50 годишно се оперираат со зафати на срце во државната кардиохирургија! Она што го плаќа Фондфот за здравство за секоја кардио операција на приватните клиники, во просек, за нивана интервенција е околу 7-9.000 евра по операција. Која е цената која се плаќа за цела клиника - кардиохирургија да работи и функционира за само 50-тина операции во годината?
На крајот, да завршиме радикално. Замислете да се запре плаќање од Фондот на приватните кардио клиники, или да им се одземе право на работа? Кој ќе врши интервенции, операции на срце на 2.000 пациенти годишно кога дражавната кардиохируиргија сега врши само 50-тина. Колку години ќе чекаат за операција на срце дури и да се зголеми капацитетот на 100 или 200 пациенти годишно, а и за тоа треба да поминат барем две години. Колку ќе има корупција кај лекарите кои би морале да заминат од приватните клиники за да работат во државните кардио клиники во некој проширен состав? А колку хирурзи од нив ќе заминат во странство?
Анализата покажува дека Кедев, од само нему познати причини, без ниту еден изнесен факт, доказ или опишани конкретни примери, предизвика лавина во јавноста. Македонските доктори се стручни, во повеќе области се над просекот во регионот меѓу кои и во кардиохирургијата. Завршија времињата кога Македонци масовно одеа во други држави во регионот на лекување, сега од регионот доаѓаат кај нас. Државата само треба да обебзеди подобри услови за работа на државните клиники и за нашите лекари, а другото е нивно.
Кога сме кај условите за работа. СДСМ и ДУИ држеа по подруми, со години, скапа медицинска опрема вредна десетина милиони евра купена од минатата влада на ВМРО ДПМНЕ, и опремата скапува, се уништува. Таа влада на ВМРО ДПМНЕ испраќаше десетици наши доктори, лекари, да се специјализираат во странство и им стави на располагање врвна литертура и странски експерти за обука дома, во Македонија.
Еднаш ја поминавме Онкологија, Хематологија, корупција со вакцинирање во Ковид кризата... со Венко Филипе и СДСМ. Втор пат тој филм во Македонија нема да се гледа. Нека ја вршат експертите за медицина својата работа во овој хаос што го предизвика Сашко Кедев, а потоа - како ќе кажат тие така и ќе биде.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата