Од СДСМ и нивниот претседател Венко Филипче упорно се трудат да пропадне продажбата на Алта Банка Битола на друга банка, и да се продолжои со нормална работа бидејќи Алта банка Битола е ликвидна, парите на корисниците се тука.
Доколку би се остварил планот за стечај, случај каков што е решението на Народна банка во времето кога власта ја имаа СДСМ/ДУИ корисниците на услугите на Алта банка Битола би се соочиле со судбината на измамените штедачи на Еуристандард банка која пропадна поради давани кредити во милиони евра без покритие на фирми блиски на тогашната струмичка валст.
Штедачите и фирмите од Еуростандрад банка во стечај до ден денес не се исплатени во целост. Ќе се води кривична постапка наредните години од која штдачите и оштетените фирми немаат никаква полза, ќе следи постапка на стечај по која нема да остане ништо за надомест на оштетениете и нема никаква постапка која покажува дека наскоро би можело да се случи понаков крај. Тоа е судбината банка во стечај.

Продадена банка, ликвидна со пари и имот, оди во раце на друга поголема банка и проецесот на соработка со штедачите, граѓаните и фирмите продолжува нормално. Ваквите трансфери во Евроапа ги има постојано, и се сметаат за најдобри во однос на интерсите на граѓаните и фирмите кои се коминтенти на продадените банки.
Најпосле, непосредно пред одлуката на Народна банка на Србија за стечај на Алта банка Београд било довршување на договор помеѓу австриската Рајфајзен банка да го продаде својот удел во автсриската Адико банка.
Австријците се држава од ЕУ, банките за кои станува збор имаат традиција повеќе од еден век и за нив трансфер со Алта Банка Београд била законска и проефесионална. Никој во Австрија не спомнал дека уделите на австриската Адико банка не треба да се продадат на Алта банка Београд.
Ова е графичко објаснување, објавата на трансферот на хрватските медиуми пред одлуката за стечај на Алта банка. По одобрението од мај, требало до крај на годинава Алта банка Београд да ги перземе уделите на австристката Адико банка од Рајфајзен и нивниот бизнис во Србија, Босна и Црна Гора. За никого во процесот Алта банка не била сомнителна.

Очигледно во СДСМ сакаат стечај на Алта банка за да има оштетени штедачи и фирми кои би останале без свои пари а, потоа, СДСМ да ги користи како свои активисти за протести. Да создадње мака некому а потоа да го користи за свои потреби. Но, тоа нема да се случи. Парите се на сигрино, и веќе почна да работи електронското плаќање.
Кога лидер е “Лидерот“
„Лидерот“ на СДС, Венко Филипче, по вчерашните закани до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска продолжи со „две раце“ активно да го проблематизира прашањето кој би бил заинтересиран да ја купи Алта банка, посочувајќи дилетантски и инсинуирајќи на стечајот на Алта банка во Белград и на информациите за притворот на нејзиниот сопственик, пишува во својата анализа Курир.
Oва доаѓа по најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека има заинтересирани купувачи за банката, со што таа експесно би се продала и би се завршила голготата на македонските штедачи, уплашени токму од фејк-наративите на Филипче. Очигледно е, дека некој не сака да заврши оваа голгота, за што конкретен доказ е утринскиот хистеричен прес на СДС и демагошкиот настап на „лидерот“ кој продолжува да шири паника.
„А сега гледаме дека Алта Београд е во стечај, а газдата е во притвор“, истресе Филипче.
Тој изнесе и редица тотално неаргументирани обвинувања за потеклото на капиталот, повикувајќи се на рекла-казала медиумски објави од Србија за некаква си наводна поврзаност со криминални пари, корупција и шверц на дрога. Филипче тврдеше и дека за банката имало истраги и регулаторни пречки во други европски земји. Овие наводи ги изнесе како обвинувања, без во изјавата да приложи никакви докази за нив.
Крајно инфантилно, Филипче ја поврза аферата и со европските интеграции на земјата, обвинувајќи го премиерот дека со застојот на европскиот пат се овозможуваат сомнителни финансиски трансакции.
„Не може да влегуваат во Европа вакви криминални банки со сомнителен капитал“, изјави со нови инсинуации Филипче, оценувајќи крајно аматерски и неодговорно дека со ваквите трансакции демек се загрозувал банкарскиот и финансискиот систем во земјата.
Очебијно, СДС е во паника дека ќе заврши уште една лага на која „се возеа“ минатите две недели, слично како што финишираа нивните лаги за затруената вода во Скопје, за мигрантите кои доаѓаат, за буџетот што пропаѓа, па се до пензиите кои пензионерите нема да ги земат.
До сега, не се извинија за ниту една од горепосочените лаги…
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата