logo
logo
logo

Кој е Илија Гечев, ПРВ МИЛИЈАРДЕР ОД МАКЕДОНИЈА

Vecer | 31.12.2022

Кој е Илија Гечев, ПРВ МИЛИЈАРДЕР ОД МАКЕДОНИЈА

Откако вчера името на Илија Гечев се најде на 18-тото место на најбогати во регионов, листа која ја објави српски „Недељник„ за тоа кои се милјардерите на Балканот, се објавуваат детали македонскиот бизнисмен чие богатство е проценето на една милијарда и 54 милиони евра.

За еден од најпознатите бизнисмени во Македонија, сопственик на ИГМ Трејд од Кавадарци јавноста малку изненадена особено поради фактот што многу ретко дава изјави во медиумите.

Во последните комуникации со медиумите, Гечев тврдеше дека не сака веќе да дава изјави, ниту да коментира нешто за бизнис процесите во Македонија. Човекот кој е еден од најбогатите во земјава, сепак мудро го крие својот профил. При пребарување за него, најчести се медиумските пишувања кога поради притисок беше забранета една телевизиска емисија во која имаше сведочења откако во ИГМ почина работник. Актуелен беше и по тоа што ИГМ Трејд вложи 413.000 евра и купи 16,6 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата Макошпед.

Се коментираат и неговите слабости. Блискоста со партиите на власт, се работи за СДСМ, кога го градел бизнисот, можностите кои ги добивал оти е богат, проширувањето на бизнисот. ИГМ трејд постои од 1994 година и е една од најголемите извозни компании во Македонија. На крајот на 2015 година, ИГМ-Трејд го прошири своето работење надвор од Македонија, откако ја купи поранешната фабрика АЛПОС за заварени челични цевки и профили лоцирана во Словенија.

Во текот на 2017 година Гечев поднел барање да го пренамени земјиштето на неговата фирма ИГМ од лесна во тешка индустрија и да гради нова топилница (ладна валалница) со индиски инвеститор. Тоа ја разбранува јавноста во Кавадарци, па дури се формираше и еколошко здружение против загадувањето во градот, премиерот Зоран Заев кој беше во Кавадарци не се изјаснија против проектот.

Инаку Гечев предизвика негативни реакции во јавноста во случајот со забранетата еколошка емисија, во која потоа стана вирална на социјалните мрежи, а во која семејство сведочеше за смртта на нивниот близок, поранешен вработен во ИГМ. Сопственикот Гечев си го навлече гневот од популацијата со неговиот однос кон случајот и заканите кон новинарката која ја објави сторијата. Во октомври 2017 година Основниот суд од Велес го ослободи Гечев од обвинение дека е виновен за смртта на работникот кој почина по инцидент кој се случи во фабриката.

Гечев беше сведок и по обвинение на СЈО, според телефонските разговори кои ги предаде СДСМ на тоа обвинителство помагајќи му на обвинителството и на СДСМ против поранешен миниестер на ВМРО ДПМНЕ.

Илија Гечев, сопственикот на компанијата ИГМ Трејд од Кавадарци пред судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје во исказ во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ откри дека поранешната власт му нудела да купи плац во текот на 2012 година.

Понудата, како што објасни сопственикот на ИГМ Трејд, дошла од Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски. По разговорот со Јанакиески, Гечев се сретнал со претставник од Министерството за транспорт и врски кој на средба во кафе барот „Тренд“ во центарот на Скопје му понудил плац на продажба од околу 1.000 квадрати по цена, како што рече сведокот од 1,3 до 1,5 милион евра.

Во вкрстеното испрашување на одбраната сведокот рече дека никогаш за овој плац не се сретнал со поранешниот премиер Груевски. Оваа бизнис зделка не се реализирала, но обвинителството сепак го повика денеска како сведок бизнисменот Гечев, најверојатно со интенција пред судот да покаже што повеќе детали за тоа кому и како биле нудени атрактивни парцели на Водно.

Во една анализа на Фактор од пред три години, за Илија Гечев се наведува дека тој е бизнисмен за кого граѓаните во Централна Македонија збруваат со почит во смисла на неговата успешност. Компанијата постои скоро 30 години, конкретно ИГМ трејд постои од 1994 година и е една од најголемите извозни компании во Македонија.

Станува збор за еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е на површина од 400.000 квадратни метри, а има капацитет од 200.000 тони годишно. ИГМ трејд е извозно ориентирана компанија, на која 95 отсто од вкупната продажба и е надвор од државата, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

На крајот на 2015 година, ИГМ-Трејд го прошири своето работење надвор од Македонија, откако ја купи поранешната фабрика АЛПОС за заварени челични цевки и профили лоцирана во Словенија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk