Во пресрет на одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, Скопје денеска ќе одекне од почесна артилериска стрелба. Во чест на државниот празник, ќе бидат испукани 10 почесни плотуни, со почеток од 19 часот, како дел од свеченостите по повод Денот на независноста.
Од Армијата информираат дека стрелбата ќе се реализира во касарната „Илинден“, со почеток во 19 часот, од страна на единицата на Артилерискиот баталјон.
Ќе бидат истрелани вкупно 10 плотуни од шест артилериски орудија, како дел од протоколарните активности по повод државниот празник.
Претходно, во 18 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба, при што ќе биде истрелан еден плотун од шест артилериски орудија.
Почесната стрелба е традиционален дел од одбележувањето на Денот на независноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата