SkiMacedonia објави дека мечка е забележана на Водно. На сторито објавено на социјалните мрежи тие ги известуваат сите планинари за движењето на дивото животно.
Мечка била пријавена дека е забележана после Нерези, кај горни Крушопек. Во планинарските друштва веќе е ја пријавиле мечката на рутата Јасен-Матка-Нерези.

Поради можната опасност на посетителите на Водно им се препорачува да не се движат сами по планинските патеки, да избегнуваат навлегување во густо пошумени делови и да бидат внимателни доколку планираат рекреативни активности во овој регион.
Засега нема информации за напад или друг инцидент, ниту надлежните институции соопштиле дека постои непосредна опасност за граѓаните. Сепак, појавата на дивото животно во овој дел од Водно е причина за дополнителна претпазливост кај рекреативците, планинарите и велосипедистите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата