logo
logo
logo

„Јасно е каде оди светот“: МИЦКОСКИ ОСТРО ДО ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТРИТЕ – „НЕОДГОВОРНО СЕ ОДНЕСУВАТЕ КОН ГРАЃАНИТЕ“

Vecer | 01.09.2026

„Јасно е каде оди светот“: МИЦКОСКИ ОСТРО ДО ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТРИТЕ – „НЕОДГОВОРНО СЕ ОДНЕСУВАТЕ КОН ГРАЃАНИТЕ“

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека изградбата и развојот на дата-центрите е неизбежен процес, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да ја насочува земјата кон технолошки и економски напредок, и покрај критиките од опозицијата. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Бутел, Мицкоски ја критикуваше опозицијата поради спротивставувањето на изградбата на центрите за податоци, оценувајќи дека со таквиот став се однесува неодговорно кон економијата и граѓаните.

Тој порача дека технолошкиот развој е правец кон кој се движи светот и дека Македонија не треба да остане надвор од тие процеси, посочувајќи дека Владата ќе продолжи со политиките насочени кон економски раст, инвестиции и технолошки развој.

„Јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека центрите за податоци се дел од глобалниот технолошки развој, нагласувајќи дека во нив инвестираат САД, европските и азиските земји. Во тој контекст го спомена и неодамнешното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика заедниците да ја поддржат оваа индустрија поради потенцијалот за економски раст, работни места и пониски даноци.

Мицкоски оцени дека Македонија не смее да остане надвор од технолошките процеси што се одвиваат во светот.

„Кога ќе видите како функционираат технолошки развиените земји, се враќате со воодушевување. А кога Владата ќе каже да направиме нешто и кај нас, тогаш сте против“, рече премиерот.

Тој повторно ја критикуваше опозицијата, додавајќи дека Владата ќе продолжи со политиките што, како што рече, треба да обезбедат просперитет и подобра иднина за државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk