logo
logo
logo

Мицкоски на средба со бизнис-секторот и U.S. Department of Defense

ИНВЕСТИЦИИ ОД ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА САД ЗА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 21.09.2026

ИНВЕСТИЦИИ ОД ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА САД ЗА МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски попладнево имаше средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област.

- Оддржавме средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област.

Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси.

Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети.

Македонија има потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да бидат основа за продлабочена соработка со Соединетите Американски Држави, во интерес на економскиот развој, безбедноста и стабилноста, објави премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk