logo
logo
logo

Соработка со САД

ФОТОГАЛЕРИЈА | НОВА ЕРА ВО САД: Мицкоски ги заштити македонските државни интереси

Vecer | 21.09.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | НОВА ЕРА ВО САД: Мицкоски ги заштити македонските државни интереси

Премиерот Христијан Мицкоски оствари официјална средба во Њујорк со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. На средбата присуствуваа и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа, како и Даниел Лотон, заменик помошник-државен секретар за Европа.

Разговорот беше можност за отворен и суштински дијалог за стратешкото партнерство со САД, продлабочување на политичката и економската соработка, како и прашањата од заеднички интерес за двете држави.

„Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи“, истакна премиерот Мицкоски.

За време на средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на економскиот развој, инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и улогата на земјава како кредибилен НАТО сојузник.

Мицкоски нагласи дека Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие да се застапуваат достоинствено и аргументирано пред партнерите, градејќи односи врз меѓусебна почит, доверба и конкретни резултати за граѓаните.

„Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет. Токму таква држава градиме — исправена, со јасен став и сигурна иднина“, порача премиерот Мицкоски по средбата во Њујорк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk