ИНФЛАЦИЈАТА ОСТАНУВА ПОД КОНТРОЛА – Министерството за економија и труд внимателно ги следи цените и најавува мерки за заштита на граѓаните

Vecer | 09.11.2026

ИНФЛАЦИЈАТА ОСТАНУВА ПОД КОНТРОЛА – Министерството за економија и труд внимателно ги следи цените и најавува мерки за заштита на граѓаните
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека инфлацијата во октомври 2026 година изнесува 3,3 отсто на годишно ниво, додека месечниот раст е 0,4 отсто. Ваквите показатели упатуваат на релативна ценовна стабилност и отсуство на изразени месечни ценовни притисоци.

Од Министерството за економија и труд истакнуваат дека внимателно ја следат состојбата на пазарот, со посебен акцент на цените на основните прехранбени производи и зачувувањето на животниот стандард на граѓаните.

„Министерството за економија и труд континуирано ги следи ценовните движења, особено кај основните прехранбени производи, и ќе продолжи внимателно да ја анализира состојбата на пазарот“, посочуваат од Министерството.

Надлежните уверуваат дека институциите се подготвени навремено да реагираат доколку се појават неоправдани поскапувања или дополнителни притисоци врз семејните буџети.

„Доколку се утврдат неоправдани ценовни зголемувања или дополнителни притисоци врз животниот стандард, во координација со надлежните институции ќе се разгледа потребата од преземање соодветни мерки“, нагласуваат од Министерството.

Заштитата на куповната моќ на граѓаните, стабилноста на пазарот и внимателното следење на ценовните движења остануваат во фокусот на Министерството за економија и труд.

„Нашата цел е да се зачува стабилноста на пазарот, да се заштити куповната моќ на граѓаните и навремено да се реагира доколку пазарните движења го наложат тоа“, порачуваат од Министерството.

Од институцијата нагласуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со внимателно следење на пазарните состојби, со цел одржување на ценовната стабилност и заштита на животниот стандард на населението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk