„АЛТА БАНКА“ ГИ ОТВОРИ ШАЛТЕРИТЕ ВО ТЕТОВО И СТРУМИЦА – граѓаните непречено ги подигаат своите средства

Vecer | 09.11.2026

„АЛТА БАНКА“ ГИ ОТВОРИ ШАЛТЕРИТЕ ВО ТЕТОВО И СТРУМИЦА – граѓаните непречено ги подигаат своите средства
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Добри вести за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Од денеска, покрај во Битола, отворени се и шалтерите во Тетово и Струмица, со што на граѓаните им се овозможува полесен и побрз пристап до нивните средства. Истовремено, зголемен е и неделниот лимит за користење на платежните картички.

Граѓаните кои немаат платежни картички можат директно на шалтерите во трите града да подигнат до 20.000 денари. Шалтерите во Битола работат од 6 ноември, а со отворањето на експозитурите во Тетово и Струмица дополнително се олеснува пристапот до банкарските услуги.

Според информациите од Народната банка, исплатата на средствата се одвива непречено и согласно утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица утрово било забележано краткотрајно доцнење поради логистичка организација, но исплатата набрзо продолжила според предвидената динамика.

Дополнително олеснување за клиентите е зголемувањето на неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежни картички, од досегашните 10.000 на 15.000 денари. Новиот лимит започнува да се применува од оваа недела.

Исплатите на шалтерите ќе продолжат и во наредните денови, со цел сите клиенти да добијат можност да располагаат со своите средства.

Од Народната банка информираат дека внимателно ја следат состојбата и континуирано преземаат мерки за обезбедување непречено опслужување на граѓаните.

Приоритет останува заштитата на интересите на клиентите и обезбедувањето стабилен и организиран пристап до нивните пари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk