Премиерот Христијан Мицкоски одби да ја коментира изјавата на владиниот партнер Максим Димитриевски дека ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански јазик. Тој повтори дека решението кое се очекува да влезе во владина процедура ќе бидек омбиниран модел, односно дека ќе биде од два дела. Во рамките на одговорот за правосудниот испит, Мицкоски рече дека одговорил и за изјавата на Димитриевски.
-Ќе нема решение дека испитот ќе се полага на албански јазик, туку решението коешто ќе биде доставено на седница на Влада содржи два дела. Првиот дел вели дека студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на албански, турски и англиски, да го полагаат на тој јазик на којшто го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудниот испит каде што се симулира судски процес – дел од кривична и граѓанска постапка, ќе биде на франка лингва (заеднички н.з.), на македонски јазик. Со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е на македонскиот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или други политиканства коишто се поврзани со тоа. Така што јас во таа наскоа ги коментирам сите случувања и тоа е наш став од самиот почеток како Влада и тука немаме ние никакви поместувања – рече Мицкоски.
Димитриевски во телевисиско интервју рече дека Движењето ЗНАМ нема да прифати полагање на правосудниот испит на друг јазик освен на македонскиот, а доколку Владата донесе поинакво решение, партијата е подготвена да ја напушти владината коалиција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата