logo
logo
logo

Скопските градоначалници здружени ќе бараат укинување на ЈП „Комунална хигиена“

Орце, Бобан, Тимчо, Дарко, Александар се на терен - се чисти сметот и ѓубрето (ВИДЕО)

Vecer | 09.07.2023

Орце, Бобан, Тимчо, Дарко, Александар се на терен - се чисти сметот и ѓубрето (ВИДЕО)

Градоначалниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се договорија утре да излезат со заеднички предлог до Советот на Град Скопје да се изгласа укинување на ЈП „Комунална хигиена“ поради тоа што со денови ова јавно претпријатие не го крева сметот од Градот бидејќи вработените штрајкуваат за повисоки плати и за враќање на работа на отпуштените колеги.

Градоначалниците на скопските општини ќе предложат секоја општина да си отвори свое комунално претпријатие, а даноците од граѓаните да се слеваат на општинските сметки, објави Телма.

Градоначалниците на општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Орце Георгиевски, Дарко Костовски, Александар Стојкоски, уште од денеска ги започнаа активностите сами да организираат собирање на сметот и ѓубрето.

Тие вечерва се на терен.

Општина Центар најави дека од утре, самостојно, започнува со собирање на сметот на нејзината територија за што обезбедила 5 камиони и друга механизација.

Градоначалничката Данела Арсовска молчи за состојбите во Јавното претпријатие со кое директорува Косана Мазнева – Николиќ, која ја постави минатата година во јули откако претходно во нејзиниот мандат смени двајца претходници на Мазнева.

Директорката Косана Мазнева-Николиќ им се закани со откази на вработените кои штрајкуваат дека ако од утре не продолжат да си ја вршат својата работа.

Арсовска за речиси година ипол владеење смени 32 директори во 11 институции и јавни претпријатија во Град Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk