logo
logo
logo

ГЕВГЕЛИЈА ДОБИВА РЕКОНСТРУИРАНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА со европска поддршка од 207.747 евра

Vecer | 04.09.2026

ГЕВГЕЛИЈА ДОБИВА РЕКОНСТРУИРАНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА со европска поддршка од 207.747 евра

Со европска финансиска поддршка, Одделението за физикална медицина и терапија во рамки на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија ќе добие целосно реконструиран и пофункционален објект, со инвестиција од 207.747,44 евра. Реконструкцијата на објектот, кој се наоѓа во рамките на Негорските минерални извори, ќе опфати подобрување на условите за пациентите и здравствените работници, а предвидениот рок за изведба е девет месеци. Во одделението функционираат секторите за физикална терапија, отсекот за хидротерапија и специјалистичката ординација, а со проектот се очекува значително да се унапреди инфраструктурата и квалитетот на здравствените услуги.

„Со реконструкцијата ќе се создадат современи, функционални и поквалитетни услови за пациентите и здравствените работници, а одделението за физикална терапија ќе добие значително подобрена инфраструктура за обезбедување здравствени услуги. Оваа инвестиција претставува уште еден значаен чекор кон модернизација на нашата институција и унапредување на квалитетот на здравствената заштита за граѓаните на Гевгелија и пошироко во регионот“, изјави директорот на Болницата, д-р Патрик Матх.

Проектот се реализира во рамките на „IPASHIELD in motion“, во склоп на Interreg VI-A IPA програмата за периодот 2021–2027, која се спроведува во соработка со соседна Грција и со финансиска поддршка од Европската Унија.

Изведувач на градежните работи ќе биде „Техника ДООЕЛ Импорт-Експорт“ од Радовиш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk